На 11.04.2024 во организација на ОСУС Кавадарци се одиграа општински натпревари во баскет 3*3 (девојчиња) во салата на ООУ Страшо Пинџур -КавадарциУчество земаа следниве училишта ООУ Гоце Делчев –Кавадарци,ООУТоде Хаџи Тефов -Кавадарци Според постигнатите резултати победник е екипата на ООУ Гоце Делчев Кавадарци и му посакуваме успех во понатамошните натпревари.

Во организација на СДМЈЛ на ден 23.3.2024 година се одржа Државниот натпревар во рецитирање на кој, за првпат, учествувашe и нашето училиште (категоријата рецитатори од VIII и IX одделение). Сара Јованова од VIII одделение покажа дека умешно ги владее техниките и вештините на рецитирањето и се стекна со благодарница. Секој обид е успех и токму Сара разгази нова патека по која ќе чекориме и во иднина! Браво Сара! Ментор: Дијана Пачешкоска Ѓорѓиева