Мирот започнува во училиштето Нашето училиште, ООУ „Гоце Делчев“ – Кавадарци

 

Мирот започнува во училиштето Нашето училиште, ООУ „Гоце Делчев“ – Кавадарци, се вклучува во процесот на градење мир и развој на мировно образование. Како прв чекор во насока на вклучување во мировното образование, нашето училиште имаше чест да биде дел од Базичната обука за Мировно образование, организирана од Првата детска амбасада во светот – МЕЃАШИ, во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Во рамки на обуката, училишниот психолог, Рената Анѓелкова, учествуваше во активности насочени кон развивање на вештини за ненасилна комуникација, препознавање и превенција на насилство, како и конструктивно и мирно справување со конфликти, особено во училишен контекст. Оваа обука претставува почеток на еден поширок и континуиран процес, преку кој нашето училиште ќе продолжи да развива активности насочени кон создавање безбедна, инклузивна и поддржувачка училишна средина за сите ученици.

Comments are closed.