Честа и задоволството се наши за да ја споделиме информацијата дека ООУ „Гоце Делчев“ – Кавадарци во конкуренција од повеќе основни училишта во Македонија (а единствено во тиквешкиот регион) е избрано во 18-те добитници на средства од Јавниот повик за доделување на средства на основните училишта за реализација на активности од програмите за насилство, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост, објавен од Министерството за образование и наука, а аплициран од страна на училишниот психолог Рената Анѓелкова.
Преку добиениот грант ќе се реализираат активности насочени кон зајакнување на превентивните механизми, унапредување на меѓусебното почитување и создавање поддржувачка училишна клима.
Ова е уште еден важен чекор кон градење позитивна, безбедна и инклузивна училишна средина во која секое дете се чувствува прифатено, заштитено и охрабрено да го развие својот потенцијал.