Дел од избор на дете правобранител и негови заменици

После успешно спроведеното интервју со пријавените кандидати за избор на дете правобранител и негови заменици комисијата имаше тешка задача, но сепак го избра најдобриот меѓу најдобрите. Честитки за избраниот ученик, дете правобранител Марко Плачков од 7 а одделение, за замениците Панче Стојанов и Весна Ѓорчева и Тимот од останатите апликанти кои се покажаа со извонредните компететенции: Евгенија Ѓелевски, Трајче Шатков и Христијан Ристов кои ќе бидат соработници на правобранителот и лојална поддршка во сите планирани активности… Со добро здравје и елан за успешна работа до реализација на сите ученички цели.

Општинската организација на Црвен Крст.„Превенција и грижа за општото здравје„

Од плодната соработка со Општинската организација на Црвен Крст – Кавадарци произлезе уште една општествено-корисна активност и предавање на тема „Превенција и грижа за општото здравје„ .Исцрпните предавања од страна на д-р Ратко Грков предизвикаа голем интерес кај вработените и збогатувања на постоечките знаења.

 

 

Под мотото „Да ги зачуваме училиштата безбедни“, Општинската Организација на Црвен Крст во соработка со Институтот за јавно здравје Скопје и Регионалната канцеларија на СЗИ за Европа изработи и ни проследи флаери со кои учениците преку проширени знаења за успешна превенција ќе го спречат ширењето на корона-вирусот… „Да ги зачуваме училиштата безбедни“ !

Успешна реализација и на последната планирана акција по повод Неделата на детето… Како добри организатори, учениците од ученичкиот парламент ја спроведоа хуманоста во дела и одбележаа уште една плодна соработка со Општинската организација на Црвен Крст Кавадарци….

Детска недела, детски предизвик и креации…

Со идеи и уметнички дела ја прославуваме неделата на детето цела. Со ликовни творби, читање и сестрана акција имаме за цел да предизвикаме кај Вас хумана реакција. Повикот е отворен, Ве каниме сите, нека бидат среќни за сите деца дните !

Нашиот патоказ за систематско и континуирано следење, анализирање и вреднување на оствареното во изминатиот период е мотив чиј резултат е подобрениот квалитет на севкупната работа на нашето училиште. Со мисија и визија за најдоброто, ООУ„Гоце Делчев“ Кавадарци“, е СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА УЧЕНИЦИТЕ ….