
Во чест на нашиот патрон и големиот македонски револуционер Гоце Делчев… Слава му…

Правилник за пофалби и награди на учениците за 2021/22
Полугодишен извештај
Ден на шегата


Упис во прво одделение за учебната 2022/23 година
Од посетата на Еуро Никел Кавадарци
Една од формите за професионална ориентација и насочување на учениците кои нашето училиште ги превзема во потпомагање во изборот на следната фаза на образование е и презентацијата организирана од страна на Еуро Никел Кавадарци. Преку исцрпната промоција во текот на посетата на производствениот капацитет, нашите ученици од 9-те одделенија детално се запознаа со можностите, потребите и ресурсите на оваа компанија кои ќе бидат поттик за донесување на понатамошната одлука за школување.

Одбележување на 24-ти Март- „Светскиот за борба против туберколозата„

Учество и освоени награди на 4-ти кавадаречки полумаратон
Честитки за нашите ученици кои за прв пат учествуваа на 4-от кавадаречки полумаратон, а пехарот за освоено прво место во категоријата на момчиња во трката на 1000 метри заслужено се најде во рацете на нашиот ученик Павел Мукаетов од 8 а одделение, додека Васил Трајков од 9 б одделение се закити со третото место. Честито драги ученици….




Одбележана Неделата за борба против ракот
„Превенцијата како најефикасен лек„ е мотото со кое се одбележа Неделата за борба против ракот. Благодарение на континуираната соработка со Општинската Организација на Црвен Крст Кавадарци учениците од IX одделенија стекнаа основни знаења за одржување на здравјето, благосостојбата и навремена заштита од оваа болест…

