

















Со чест ги претставивме најдобрите ученици и најдобриот меѓу нив Божидар Давидовски.
Во нив ја положивме целата верба и желба за понатамошни успеси проткаена низ Гоцевата синтагма…
Се гордееме што го оддржуваат заветот кон нашиот патрон и зад секој нивен успех останува нашата гордост… Гоце остави бројни следбеници…
Вечна му слава…








Благодарност за гостопримливиот пречек и топлото добредојде на колегите од Подрачното училиште ,,Страшо Пинџур ” во Дреново како и родителите Недеви Ристе и Олгица.





На 27.04.2023 год. учениците од V-те одд. реализираа научно-истражувачка посета на древниот град „Стоби„ , се запознаа со историските артефакти и ги продлабочија своите знаења…



Учениците од 2 а одделение во интеграција со предметот Општество и наставната содржина Стопански дејности, со наставничката Радица Андреева беа во посета на производствениот капацитет ,,Жито југ”, каде што се запознаа со целиот процес на подготовка на леб.





