





Уште еден почеток за сите нас и едно ново поглавје за новите првачиња… Со искрени желби и силни емоции денес свечено ги отворивме вратите на училиштето за да им го осветлиме патот до другарувањето, освојувањето на нови знаења и успеси. Директорката на училиштето со топло добредојде се обрати до присутните родители, ученици и наставници и упати желби за среќна и успешна учебна година.



Соопштение!
Почитувани родители на учениците запишани во прво одделение во предстојната 2023/24 година,
Советот на општина Кавадарци донесе Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејствата со запишано прваче во учебната 2023/24 година од подрачјето на Општина Кавадарци. За таа цел потребно е родителите на учениците запишани во прво одделение, да достават копии од лична карта од еден родител и копија од трансакциска сметка од родителот во училиштето најдоцна до 22 август!
Среќен почеток на новата учебна година
Прва смена за учениците од одделенска настава,со почеток во 7.30 часот
Втора смена за учениците од предметна настава,со почеток во 13.00 часот
Учениците од 2 а одделение заедно со својата наставничка Радица Андреева уживаа во прекрасна дружба и запознавање со богатиот растителен и животински свет во селото Дреново…
Ден за дружење, рекреација и уживање во природата…Прекрасен пролетен ден…





Денес учениците од IIб и IIв одделение заедно со своите наставници Татјана Јорданова и Љупчо Јорданов беа во посета на ХЕЦ -Тиквеш. Посетата беше во корелација со наставниот предмет природни науки – тема Енергија , наставна содржина Електрани -производители на електрична енергија.
Во посета на најдобрите пријатели-книгите….


Патронат











И денес идеологијата и успехот не сплотија и понесоа кон морето од добра енергија. Одбележавме уште една во низата на години со труд, работа и успеси во име на нашиот патрон Гоце Делчев.
Со чест ги претставивме најдобрите ученици и најдобриот меѓу нив Божидар Давидовски.
Во нив ја положивме целата верба и желба за понатамошни успеси проткаена низ Гоцевата синтагма…
Се гордееме што го оддржуваат заветот кон нашиот патрон и зад секој нивен успех останува нашата гордост… Гоце остави бројни следбеници…
Вечна му слава…














