На 28 декември 1895 година во Салон Индиен де Гранд Кафе во Париз, браќата Огист и Луј Лимиер ја приредиле првата комерцијална кинопродукција на 10 кратки филмови и затоа овој датум се смета за роденден на филмот.
Изучувајќи ги изразните средства на филмот, учениците од деветтите одделенија продуцираа кратки филмски записи кои својата проекција ја имаа во училницата по Македонски јазик.
Точно на 130. роденден на филмот, во етер ги проследуваме аматерските филмови на учениците кои нè враќаат во времето на немиот филм.