Упис на првачиња

Почитувани родители на идните првачиња,   

  Ве известуваме дека од 1-ви април започнува закажувањето на стоматолошки преглед во Одделение за детска и превентивна стоматологија при Општа болница со проширена дејност – Кавадарци на следниот телефонски број 078/236-349.

Со почит,

ООУ„Гоце Делчев“ 

Кавадарци

Историјата патува низ училниците во Македонија! Проектот „Промотивна турнеја – Тумба Маџари во основните училишта во Македонија“

Историјата патува низ училниците во Македонија! Проектот „Промотивна турнеја – Тумба Маџари во основните училишта во Македонија“, денес беше промовиран во нашето училиште и учениците имаа можност подетално да се запознаат со нашето богато културно наследство. Овој проект беше реализиран во соработка со Министерството за култура и туризам и Националниот археолошки музеј на Македонија. Учениците денес имаа можност подетално да се запознаат со археолошкиот локалитет Тумба Маџари кој потекнува од неолитскиот период поточно од 5900 до 5300 години пред нашата ера. На учениците исто така им беше доделен и промотивен материјал (флаери и стикери) со кои дополнително се збогатија нивните знаења за праисторијата во Македонија.

Едукативна обука со учениците од VI и VII одделение на тема „Безбедност на интернет и сајбер насилство“.

Денес претставници од Одделот за превенција на малолетничка деликвенција при МВР ПСОН – Велес одржаа едукативна обука со учениците од VI и VII одделение на тема „Безбедност на интернет и сајбер насилство“. – Целта на обуката беше учениците да се информираат за безбедно користење на интернет, да научат како да го препознаат и спречат сајбер насилството, како и да не бидат жртви, но и да не вршат ваков вид насилство.

Жените во светот на книжевноста

 

✨️Приказна што инспирира, приказна што дава сила✨️
      Зад многу големи дела стои тивката, но силна приказна на една жена. Жена со своја биографија, со соништа, борби и понекогаш тежок живот. Но токму од тие предизвици се раѓа силата што создава уметност и остава трага. Нивните зборови, мисли и дела стануваат светлина и инспирација.
      На 8 Март се потсетуваме дека жените не се само автори на книги и идеи, туку и автори на сопствената храброст – приказни што инспирираат генерации.
     Среќен празник!