Унапредување на воспитно образовната работа

„Унапредување на воспитно образовната работа во училиштето со посебен акцент на воспитната функција„
е темата на која наставниците и стручните соработници во училиштето денес проследија обука и со тоа направија исчекор во својот професионален развој.
Предавачот Проф.Др.Розалина Попова Коскарова реализираше исцрпно излагање со посебен осврт на воспитната функција во образовните институции и со примери од образовната пракса ги поткрепи сите компоненти на воспитното делување во и вон институционалното образование.
Професионалниот развој на наставниците продолжува и понатаму со нови теми и предизвици кои практично ќе бидат применливи и ќе остават траен белег на работата на училиштето…

Пријателство пред насилство

Инфо-центарот “Пријателство пред насилство” во соработка со петте основни училишта од град Кавадарци ги додели признанијата за амбасадори за пријателство.
По оддржаните 10 едукативни работилници за учениците од шесто до деветто одделение од основните училишта, проектниот тим на проектот “Пријателство пред насилство” и стручната служба на училиштата избраа 30 амбасадори за пријатрлство, односно по 6 од секое училиште.
Амбасадорите ќе бидат движечката сила на проектот и застапници на Инфо-Центарот во своите училишта. Тие имаат обврска да го намалат врсничкото насилство (Булинг) во своите училишта, со методи и механизми научени на едукативните работилници.
Проектот „Пријателство пред насилство“ го спроведува Здружението за едукација, тренинг и развој Прогресс Плус Кавадарци, во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

ООУ„Гоце Делчев“ Кавадарци во подобри услови за работа

ООУ„Гоце Делчев“ Кавадарци води континуирана грижа и делува на полето за изведување на воспитно образовниот процес во подобри услови за работа.

За таа цел реализиравме капитални инвестиции финансирани од Општина Кавадарци.
-реконструкција на тоалетите за учениците.
-замена на постоечкото со лед осветлување.
-промена на вратите во училиштето (ПВЦ и алуминиум).
-извршена е промена на чешмите и мијалниците во целото училиште.
-набавени се клупи и столчиња.
-обновена е и опремена училишната лабораторија. -набавени се нагледни средства за реализација на наставата по групата предмети на природни науки.
Сопствените приходи од 2019 година училиштето ги намени за промена на вратите во спортската сала со што се зголемија можностите за попријатна работа и престој на учениците и наставниците.

ЗЛАТЕН МЕДАЛ

На крајот од оваа учебна година ученикот Мајкл Георгиевски се закити со уште еден медал. На математичкиот натпревар ВТОР КРУГ КЕНГУР 2019 освои ЗЛАТЕН МЕДАЛ.
Честитки Мајкл!!!! ти посакуваме уште многу вакви успеси…

Регионален натпревар по Физика

На оддржаниот регионален натпревар по Физика на ден 09.03.2019 г. ученикот Бошко Бошков од IX б одделение го освои првото, Мајкл Георгиевски од IX а го освои третото место, а Томе Ѓондев доби пофалница за успешно учество.
Честитки за овие тројца ученици кои со своите знаења ќе се претстават себе си и училиштето на 43-тиот државен натпревар по физика.
Честитки и почит кон вложениот труд и кон наставникот ментор Милка Василова!

Еколошката интеграција во училиштето

Дека еколошката интеграција во училиштето јакне сведочи и денешната еколошка едукација под мотото „Отпадот се селектира, па се рециклира„ .
Во соработка со #Пако#Мак и еколошкото друштво #Еко#живот#Кавадарци се анализираа, констатираа и резимираа заклучоци за справување со отпадот, кои од наставниците и вработените во училиштето се движат кон понатамошните корисници – нашите учениците.

Струмичкиот карневал

Укажаната чест и поканата за учество на струмичкиот карневал ја удостоивме со присуство …Поставката со број 38 внесе ведрина и пријатна глетка кај публиката, за нас …восхит….
Ви Благодариме драги ученици за успешната промоција на училиштето Вам и на ликовниот наставник-ментор Ристо Јосифовски….

Книгата е најдобар пријател.

Книгата е најдобар пријател….Со љубов и предизвик ја збогативме училишната библиотека и нашите ученици-читатели со уште 65 нови лектирни изданија….За успеси да е…