Тргнувајќи од желбата за обезбедување на подобри услови за реализација на воспитно-образовниот процес успешно ја реализираме Развојната програма и обновуваме…. – реконструирани тоалетите за учениците во продолжен престој – набавени интерактивни табли, проектори и лаптоп компјутери – набавен нов училишен мебел за учениците од прво одделение Среќен почеток драги ученици !!!!

Уште еден почеток за сите нас и едно ново поглавје за новите првачиња… Со искрени желби и силни емоции денес свечено ги отворивме вратите на училиштето за да им го осветлиме патот до другарувањето, освојувањето на нови знаења и успеси. Директорката на училиштето со топло добредојде се обрати до присутните родители, ученици и наставници и упати желби за среќна и успешна учебна година.