



Category Archives: Uncategorized
Грижа за забите-чекор кон здравјето


Мирот започнува во училиштето Нашето училиште, ООУ „Гоце Делчев“ – Кавадарци





Мирот започнува во училиштето Нашето училиште, ООУ „Гоце Делчев“ – Кавадарци, се вклучува во процесот на градење мир и развој на мировно образование. Како прв чекор во насока на вклучување во мировното образование, нашето училиште имаше чест да биде дел од Базичната обука за Мировно образование, организирана од Првата детска амбасада во светот – МЕЃАШИ, во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Во рамки на обуката, училишниот психолог, Рената Анѓелкова, учествуваше во активности насочени кон развивање на вештини за ненасилна комуникација, препознавање и превенција на насилство, како и конструктивно и мирно справување со конфликти, особено во училишен контекст. Оваа обука претставува почеток на еден поширок и континуиран процес, преку кој нашето училиште ќе продолжи да развива активности насочени кон создавање безбедна, инклузивна и поддржувачка училишна средина за сите ученици.
Песни од творештвото на македонските автори. Учениците од IX одделение го одбележаа 154. роденден на Гоце
Во чест на патронот одбележан денот на неговото раѓање





Зимски убавини.Михајлово и





Училишниот психолог Рената Анѓелкова добитник на грант од МОН
Честа и задоволството се наши за да ја споделиме информацијата дека ООУ „Гоце Делчев“ – Кавадарци во конкуренција од повеќе основни училишта во Македонија (а единствено во тиквешкиот регион) е избрано во 18-те добитници на средства од Јавниот повик за доделување на средства на основните училишта за реализација на активности од програмите за насилство, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост, објавен од Министерството за образование и наука, а аплициран од страна на училишниот психолог Рената Анѓелкова.
Учениците од 4-то и 5-то одделение при ООУ „Гоце Делчев“ уживаат во зимските убавини на Михајлово ❄️🌲 Организирано од училиштето, околу 150 ученици поминуваат прекрасен зимски ден исполнет со смеа, дружење и незаборавни моменти во природа. ☃️😊





Наставник Дијана Пачешкоска Ѓорѓиева и нејзините филмаџии.
На 28 декември 1895 година во Салон Индиен де Гранд Кафе во Париз, браќата Огист и Луј Лимиер ја приредиле првата комерцијална кинопродукција на 10 кратки филмови и затоа овој датум се смета за роденден на филмот.
7015
На Новогодишниот натпревар по математика во организација на Сојузот на математичари кој се одржа на 27.12.2025