ООУ„Гоце Делчев“ Кавадарци во подобри услови за работа

ООУ„Гоце Делчев“ Кавадарци води континуирана грижа и делува на полето за изведување на воспитно образовниот процес во подобри услови за работа.

За таа цел реализиравме капитални инвестиции финансирани од Општина Кавадарци.
-реконструкција на тоалетите за учениците.
-замена на постоечкото со лед осветлување.
-промена на вратите во училиштето (ПВЦ и алуминиум).
-извршена е промена на чешмите и мијалниците во целото училиште.
-набавени се клупи и столчиња.
-обновена е и опремена училишната лабораторија. -набавени се нагледни средства за реализација на наставата по групата предмети на природни науки.
Сопствените приходи од 2019 година училиштето ги намени за промена на вратите во спортската сала со што се зголемија можностите за попријатна работа и престој на учениците и наставниците.

ЗЛАТЕН МЕДАЛ

На крајот од оваа учебна година ученикот Мајкл Георгиевски се закити со уште еден медал. На математичкиот натпревар ВТОР КРУГ КЕНГУР 2019 освои ЗЛАТЕН МЕДАЛ.
Честитки Мајкл!!!! ти посакуваме уште многу вакви успеси…

Регионален натпревар по Физика

На оддржаниот регионален натпревар по Физика на ден 09.03.2019 г. ученикот Бошко Бошков од IX б одделение го освои првото, Мајкл Георгиевски од IX а го освои третото место, а Томе Ѓондев доби пофалница за успешно учество.
Честитки за овие тројца ученици кои со своите знаења ќе се претстават себе си и училиштето на 43-тиот државен натпревар по физика.
Честитки и почит кон вложениот труд и кон наставникот ментор Милка Василова!

Еколошката интеграција во училиштето

Дека еколошката интеграција во училиштето јакне сведочи и денешната еколошка едукација под мотото „Отпадот се селектира, па се рециклира„ .
Во соработка со #Пако#Мак и еколошкото друштво #Еко#живот#Кавадарци се анализираа, констатираа и резимираа заклучоци за справување со отпадот, кои од наставниците и вработените во училиштето се движат кон понатамошните корисници – нашите учениците.

Струмичкиот карневал

Укажаната чест и поканата за учество на струмичкиот карневал ја удостоивме со присуство …Поставката со број 38 внесе ведрина и пријатна глетка кај публиката, за нас …восхит….
Ви Благодариме драги ученици за успешната промоција на училиштето Вам и на ликовниот наставник-ментор Ристо Јосифовски….

Книгата е најдобар пријател.

Книгата е најдобар пријател….Со љубов и предизвик ја збогативме училишната библиотека и нашите ученици-читатели со уште 65 нови лектирни изданија….За успеси да е…

Општинскиот натпревар по Биологија

Своите знаења и успеси на општинскиот натпревар по Биологија со награди ги потврдија нашите ученици: 
Блаже Игнатовски 9 одд. II награда
Бојан Чаприќ 9 одд. II награда
Елена Касапинова 9 одд. II награда
Филип Јанев 9 одд. II награда 
Илина Димова 8 одд. II награда
Томе Ѓондев 8 одд. II награда
Зорица Каракулева 8 одд. II награда
Емилија Златева 8 одд. пофалница
Филип Јосков 8 одд. пофалница
Даме Тефов 8 одд. пофалница
Клара Маркова 7 одд. III награда
Снежана Бошкова 7 одд. пофалница
Честитки до учениците и менторот Благоја Ѓурчиноски !
Нека успехот го одбележи и вашето учество на регионалниот натпревар!!!

Стоп за насилството

Во соработка со ПС-ОН Кавадарци преку исцрпно излагање на инспекторот Диме Каракулев во шестите одделенија во ООУ„Гоце Делчев“ – Кавадарци се реализираа серија од превентивно-едукативни работилници на тема „Стоп за насилството„ .Покрај запознавањето со облиците на насилно однесување, учениците ги осознаа и законските и моралните последиците од истото како на причинителите, така и на жртвите…