Честитки за нашата ученичка Благица Рамова од 9 – тто одделение за освоената 2 награда на регионалниот натпревар по хемија одржан на 28 мај во Гевгелија. Менторската поддршка од предметниот наставник по Хемија – Павлинка Голчева продолжува со исто темпо на подготовки и за престојниот државен натпревар на ПМФ Скопје.Да им посакаме многу успеси и награди и понатаму….![]()
![]()
![]()
Category Archives: Uncategorized
Известување за запишани деца во прво одделение во ООУ„Гоце Делчев“ Кавадарци во учебната 2021/2022
Успешен проект во рамките на Еразмус +
На минатонеделниот семинар од едицијата на Проекти во рамките на Erasmus+ партнерството за меѓу училишна размена насловен како „Промовирање напредок во образованието се одржа виртуелен состанок чиј домаќин беше Економското yчилиште ′′Димитрие Кантемир′′ од Сучеава. Дополнително промовирање на напредокот во општеството се реализираше помеѓу партнер-училиштата во овој проект: – Високообразовен институт Франческо Ферара, Мазара Дел Вало – Италија, – ООУ Гоце Делчев, Кавадарци – Македонија, – Средно училиште Неринга- Литуанија, Туристичко угостителско училиште од Сплит – Хрватска. Главната цел на проектот беше запознавање на учениците со алатките кои ги нудат интернет и мултимедијалните содржини, евалуација, експлоатација и безбедно користење на веб ресурси. За време на оваа виртуелна средба, учениците открија иновативни начини за презентирање на содржините, соработка и подобрување на процесот на учење преку ИКТ: Google Docs, Slides, web quuest, Kahoot.
Резултати од државниот натпревар по Географија
И државниот натпревар по Географија нашата ученичка Марика Георгиевска не го одмина без забележано достигнување. Нејзината трудољубивост и подршката од наставникот ментор Снежана Ристовска резултираа со солидни знаења и освоена ПОФАЛНИЦА. Честитки до ученичката и наставничката!!!
Честитки за успесите на нашите ученици и наставникот и ментор Ристо Јосифовски – Ромбо
„Кога задоволството, љубовта и трудот кон работата што те исполнува ке се спојат, успехот е неизбежен… Посебна благодарност до сите ученици кој со својот талент беа дел од оваа големо признание, дечки ви благодарам од се
… Одиме уште појако наредните години со ммогу повеќе први места“ – Ристо Јосифовски – Ромбо
Онлајн работилници на програмата Еразмус + и Националната агенција за европска образовна програма
Успешно завршените он лајн работилници за мобилности во рамките на Програмата Еразмус + и Националната агенција за европска образовна програма и мобилност беа предизвик за нашите ученици да се вклучат со свои активности и да ги застапуваат своите ставови и сознанија за темата „Стоп за училишното насилство„ . Напоредно со презентациите, учениците изработија и стрип со замислени ликови кои асоцираат сценарија со можни непријатни ситуации кои произлегуваат од училишното насилство и начини за нивно спречување.
Резултат од државен натпревар по математика
Честитки за нашата ученичка Марика Георгиевска од 8 б одд која на државниот натпревар по математика одржан на 17.05.2021 година освои ПОФАЛНИЦА .Менторската подршка од наставничката Емилија Давчевска и трудот на Марика продолжуваат со трендот на успеси!!!! Честитки …..
Резултати од регионалниот натпревар по Биологија
На регионалниот натпревар по Биологија, одржан на 12-тти мај нашите ученици ги постигнаа следните резултати: Божидар Давидовски од 7 б одделение освои максимален број на поени според првиот критериум, а Павел МУКАЕТОВ ОД 7 а одделение покажа солидни знаења на вториот критериум. И двајцата докажаа дека заслужуваат да ги бодриме на предстојниот државен натпревар по Биологија. Честитики за досегашните залагања на учениците и наставникот ментор Благој Ѓурчиноски….
Резултати од Општински натпревар по Хемија
Со гордост го споделуваме успехот на ученичката Благица Рамова од 9 а одделение, која на одржаниот Општински натпревар по Хемија на ден 07.05.2021 година освои 1 – во место и се пласира за учество на Регионалниот натпревар по Хемија. Честитки за ученичката и наставникот – ментор Павлинка Голчева и многу успеси и понатаму !!!!!
Резултати од регионалниот натпревар по Природни науки
Честитки за учениците и наставниците – ментори кои на одржаниот регионален натпревар по Природни науки на ден 14.05.2021 година ги постигнаа следните резултати :
Драгана Глигорова од 4 б одд. 2-ро место и обезбеди учество на државниот натпревар;
Александар Божинов од 4 б одд. 3-то место
Ментор: Даница Мојсова
Ученичката Снежана Ганчева од 4 а одделение – второ место и си обезбеди учество на државниот натпревар.
Ментор: Снежана Верменцалиева
Јордан Соколовски од 5 в одд. 1- во место (учество на државен натпревар)
Саша Огњеновиќ од 5 а одд. 1- во место (учество на државен натпревар)
Марија Лазарова од 5 в одд. 3-то место
Матеа Николовска од 5 б одд. 3-то место
Величе Ристова од 5 в одд. 3-то место
Ивана Димова од 5 б одд. Пофалница
Фросина Алексова од 5 а одд. Пофалница
Ментор: Зорица Ризова
91Павлинка Голчева, Daniela Jovanovska and 89 others26 Comments2 SharesLikeCommentShare
















