Полугодишен-табеларен-извештај-2021-22


Една од формите за професионална ориентација и насочување на учениците кои нашето училиште ги превзема во потпомагање во изборот на следната фаза на образование е и презентацијата организирана од страна на Еуро Никел Кавадарци. Преку исцрпната промоција во текот на посетата на производствениот капацитет, нашите ученици од 9-те одделенија детално се запознаа со можностите, потребите и ресурсите на оваа компанија кои ќе бидат поттик за донесување на понатамошната одлука за школување.


Честитки за нашите ученици кои за прв пат учествуваа на 4-от кавадаречки полумаратон, а пехарот за освоено прво место во категоријата на момчиња во трката на 1000 метри заслужено се најде во рацете на нашиот ученик Павел Мукаетов од 8 а одделение, додека Васил Трајков од 9 б одделение се закити со третото место. Честито драги ученици….




„Превенцијата како најефикасен лек„ е мотото со кое се одбележа Неделата за борба против ракот. Благодарение на континуираната соработка со Општинската Организација на Црвен Крст Кавадарци учениците од IX одделенија стекнаа основни знаења за одржување на здравјето, благосостојбата и навремена заштита од оваа болест…


Споделуваме пријатни моменти од свеченото доделување на наградите и пофалниците на учениците кои учествуваа на квизот „Кој го познава Данте„ организиран од страна на Здружението на професори по Италијански јазик и амбасадата на Република Италија во Македонија и упатуваме честитки до учениците и наставникот-ментор Билјана Николовска.




Нашите ученици од VI-то одделение заедно со наставникот по Информатика ја одбележаа Неделата на информатиката. Најпрво беше реализирано предавање на тема „Безбедно на интернет„ , а потоа учениците самостојно креираа приказни во Scratch на истата тема. Со примена на критички пристап во активностите беа мисловно ангажирани и насочени кон повисоки нивоа на планирање, постапување и решавање.

Почитувани ученици, учебната година ќе започне на 1-ви февруари со промена на смените: одделенска настава од 7.30 ч., а предметна настава од 13.30 ч.