Првенец на генерацијата за 2021/22

Честитки за нашиот првенец на генерацијата за 2021/22 година Марика Георгиевска и за учениците кои со континуиран одличен успех ја збогатија денешната седница: Илина Атанасова, Кристина Илова, Андреј Ѓорчев и Љупче Стојановски.
Со пригодна свеченост беа доделени и наградите за учениците кои на ликовниот и литературниот конкурс покажаа најголем талент и квалитет на творбите.
Честитки за целокупниот наставен кадар кој посветено се залагаше за да произведе генерација на која ќе бидеме горди и ние и општеството…
.

Ден на шегата

Денов е за маски и шега, насмевката од лицето никогаш да не ни бега…
Среќни да бидеме сите и во радост и шега да ни минат дните.
..

Упис во прво одделение за учебната 2022/23 година

Почитувани родители на училишните обврзници за упис во прво одделение за учебната 2022/23 година!
Ве известуваме дека уписот на идните првачиња ќе се врши во месец мај и заради комплетирање на потребната документација ве посетуваме навремено да закажете термин за офталмолошки (очен) и стоматолошки преглед.
Со почит,
Директор
Весна Ангеловска

Од посетата на Еуро Никел Кавадарци

Една од формите за професионална ориентација и насочување на учениците кои нашето училиште ги превзема во потпомагање во изборот на следната фаза на образование е и презентацијата организирана од страна на Еуро Никел Кавадарци. Преку исцрпната промоција во текот на посетата на производствениот капацитет, нашите ученици од 9-те одделенија детално се запознаа со можностите, потребите и ресурсите на оваа компанија кои ќе бидат поттик за донесување на понатамошната одлука за школување.