На петтиот кавадаречки полумаратон организиран од Општина Кавадарци, Сојузот на спортови на град Кавадарци и Меридијан Атлетик Еко, ООУ Гоце Делчев зеде учество и се здоби со три втори места во женска конкуренција: 4-то и 5-тто одделение – ученичката Сирма Стојанова, 6-то и 7-мо одделение ученичката Дарија Јованова и 8-мо и 9-тто одделение ученичката Ангела Јовчева.

Честитки за нашите ученици и наставниците ментори: Сашко Ристов, Митко Пановски, Филип Атанасов и Драган Андриќ.

На регионалниот натпревар по математика оддржан на ден 04.03.2023 во ООУ „Пере Тошев“ – Росоман нашите ученици ги освоија следните награди и пофалници:

8 одд освоена награда ментор

Петар Дамов III награда Емилија Давчевска

Јордан Бошев Пофалница Емилија Давчевска

Весна Ѓорчева Пофалница Емилија Давчевска

7 одд освоена награда ментор

Цветанка Крстевска III награда Емилија Давчевска

Кристина Данева пофалница Емилија Давчевска

Матеј Мркев пофалница Емилија Давчевска

6 одд освоена награда ментор

Симона Илиевска II награда Емилија Давчевска

Снежана Ганчева III награда Љупка Грозданова

Александар Божинов III награда Емилија Давчевска

Јована Гинева пофалница Емилија Давчевска

4 одд освоена награда ментор

Илија Ганчев I награда Павлинка Пеливанова

Анастасија Малинков I награда Павлинка Пеливанова

Андреј Јанев II награда Благица Николова

Јована Рамова II награда Павлинка Пеливанова

Дамјан Делов III награда Надица Бошева

Јован Рамов III награда Павлинка Пеливанова

Бојан Јовановски пофалница Надица Бошева

Душко Попов пофалница Надица Бошева

Давид Мицов пофалница Благица Николова

Благој Ристов пофалница Благица Николова

Честитки за учениците и наставниците ментори!

Можно е да е слика од 21 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Како една од низата планирани активности училишниот правобранител на ден 24.02.2023 година заедно со својот тим подготви и реализираше работилница на тема „Моја одлука-твоја одлука„.Целната група беа учениците од ученичкиот парламент кои зедоа за обврска понатаму да ја десеминираат темата во своите паралелки и да им помогнат на своите соученици во правилното расудување и донесување на одлуки кои ќе имаат позитивни ефекти.

Денес II б и II в одделение заедно со нивните наставници Татјана Јорданова , Љупчо Јорданов и наставничката од продолжен престој Милица Ангелова беа во посета на фабрика за мебел ,,Деспина “. Посетата беше во корелација со наставниот предмет Природни науки ,тема Природни и вештачки материјали , наставна содржина

– од дрво до финален производ.

Нашата посета се совпадна со 32 роденден на ,,Деспина”. Благодарност до целиот тим за гостопримливиот пречек и деталното објаснување на целиот процес на обработка на дрво.

Недела за безбеден интернет.

Водени од грижата за нашите ученици и синтагмата дека „Превенцијата е најдобриот лек„ и оваа година ја одбележавме Неделата за безбеден интернет.

Со реализација на едукативна работилница од страна на предметниот наставник по Информатика на учениците им се посочија можностите за користење, но и опасностите од злоупотребата на податоците и информациите кои се проследуваат преку интернет мрежата.

Со почит и посвета кон нашиот патрон…

Што би била историјата без неговите херојства и дела,

што би биле генерациите без Гоцевата кауза смела?

Идеологијата за него беше света книга,

се роди и загина за македонската светлина…

Говореше мудро,

делуваше со снага,

за многу години,

Вечна му слава…

Денес во посета на општина Кавадарци беа учениците од 4 одделение при ООУ ,,Гоце Делчев’’ Кавадарци, а повод беше дополнување на наставниот материјал за надлежности на локалната самоуправа, градоначалник и совет на општина.

Учениците беа примени од страна на градоначалникот Митко Јанчев, беа запознати со надлежностите на градоначалникот и советот, и им беше одговорено на поставените прашања согласно наставниот материјал кој го изучуваат во 4 одделение, но и дополнување на знаењата кои ги поседуваат.

Ви благодариме за посетата драги ученици и ве очекуваме повторно !

Во петокот на 25-ти ноември во просториите на нашето училиште се оддржа едукативно предавање на тема „Насилство во училиштата, ciber-насилство, врсничко малтретирање и вандализам„.Реализатори на предавањето беа овластените претставници од страна на ПС ОН Кавадарци : Гоце Јовановски и Ристе Самарџиев а целната група беа учениците од 8-те и 9-те одделенија.